Некогашниот четирикратен светски првак во Формула 1, и тоа сите освоени титули со Ред Бул, Себастијан Фетел, потврди дека е во преговори за враќање меѓу „Биковите“, но не како возач туку како советник на овој Ф1 тим.
Тој би се вратил и тоа на местото на Хелмут Марко.
Се разбира после ова свој коментар имаше и Макс Верстапе, актуелниот светски првак и асот на Ред Бул:
“Повеќе од нормално е некој што постигнал толку многу со Ред Бул, кој израсна во Ред Бул секогаш да биде добредојден. За Себ секогаш има место во Ред Бул. Мислам дека Фетел го задржа добриот однос со Хелмут Марко и откако си замина. Сигурен сум дека има место за Себастијан Фетел во тимот во било која форма“ посочи Макс Верстапен.
ФОТО: Макс Верстапен/Х