Младинците против Бразил за нова победа и шанса за место погоре (ЛИНК)

103

Македонската младинска ракометна репрезентација по еден ден пауза денеска игра нов натпревар на Светското првенство У21 кое се одржува во Полска. Селекторот, Раде Стојановиќ после четирите порази во низа успеаја да ја запишат првата победа на шампионатот откако славеа против Мексико.

Денеска ќе имаат нова шанса за втор триумф, играат против Бразил за пласман од 25 до 28 место. Победа на оваа средба ќе ги однесе на чекор до 25. место што ќе биде добро со оглед на неочекуваните резултати и игри кои ги прикажаа во Полска.

Мечот стартува во 16:15 часот и можете да го гледате на ЛИНКОТ во продолжение.

ПретходноШкупи потпиша 22-годишен германски голман!
СледноТофаш му посака добредојде на Емил Рајковиќ!