Како што и најавивме. Шкендија веднаш по вчерашниот меч со ЦСКА Софија се врати дома, во Тетови и тоа од оправдани причини и тоа три дена порано од планираното.
Оваа одлука, како што велат од таборот на шампионот, доаѓа како резултат на нормална административна постапка, бидејќи Британската амбасада ги одредила датумите за аплицирање за патни визи за четврток и петок (26 и 27 јуни).
Ова се однесува на документацијата потребна за влез во Велика Британија, каде што Шкендија ќе го одигра првиот квалификациски натпревар во Лигата на шампионите на УЕФА против шампионите на Велс, „Њу Саинтс“. Бидејќи овие датуми се непремостливи, клубот одлучи да се врати порано и да го изврши последниот дел од подготовките во Тетово.
Како резултат на тоа, пријателскиот натпревар закажан за сабота против Олимпија Љубљана е откажан, додека последниот тест пред патувањето во Велс ќе се одржи во вторник (01.07.2025) во Тетово, против Динамо Сити од Албанија.
ФОТО: КФ Шкендија/ФБ