Ончев потпиша за МРК Куманово

43
Фото: МРК Куманово

МРК Куманово продолжува со создавање на тимот за следната сезона, нов ракометар e 28- годишниот Тоше Ончев.

„Среќен сум што доаѓам во одличен клуб како суперлигашот од Куманово и се надевам дека заедно ќе ги оствариме целите на клубот, а тоа е пласманот во плеј-офот на Супер Лигата“, изјави ракометарот по потписот со МРК Куманово.

Ончев во својата кариера има настапувано за тимовите на РК Вардар од Скопје, францускиот Вернолиет, Вермон од Франција, Феакаш, Грција, Тримо Требње од Словенија, РК Охрид, РК Голден Арт, РК Фруитленд Борец и шпанскиот Валинокс Новакс.

ПретходноДа се знае кој е кој: Вардар го претстави своето мега – засилување! (ФОТО)
СледноГалевски е мајстор за пенали, Македонија го совлада Бразил по голема драма!