Пелистер од третиот шешир ќе ги чека противниците за ЛШ

140

ЕХФ ги одреди шеширите пред утрешната ждрепка за групната фаза во Лигата на шампиони. Актуелниот македонски првак, Пелистер и трета сезона по ред ќе настапува во елитното клупско натпреварување, а противниците ќе ги чека од третиот шешир.

Прв шешир: Фуксе Берлин, Барселона, ПСЖ, Алборг, Висла Плоцка и Веспрем.

Втор Шешир: Магдебург, Нант, ГОГ, Кјелце, Пик Сегед

Трет шешир: Динамо Букурешт, Спортинг, Загреб, Колстад и Пелистер.

Групната фаза ќе се игра во формат на кружен систем составен од 14 кола, по што првите два тима од секоја група ќе се квалификуваат директно во четвртфиналето. Екипите што ќе завршат на третото, четвртото, петтото и шестото место ќе се натпреваруваат во плејофот, со цел да обезбедат билети во четвртфиналниот состав. Најниско рангираните два клуба во секоја група ќе бидат елиминирани од натпреварувањето на крајот од групната фаза.

Правилото за заштита на земјата ќе важи за двата извлекувања на натпреварите секогаш кога е можно.

Учесниците Ф4 се поделени во два од трите шешири објавени за ждрепката, при што Фуксе Берлин и Барселона ќе бидат извлечени од шеширот број 1, додека шампионот Магдебург и Нант се сместени во два.

Првото коло е закажано за 10/11 септември 2025 година, додека пак ждрепката стартува утре во 15 часот.

ПретходноКалин обезбеди четвртфинале на ИТФ фјучрс турнирот во Загреб
СледноЧелзи се откажа од Мањан, сега преговара со Барса за Тер Штеген