Македонскиот репрезентативен голман, Игор Алексовски својата кариера ќе ја продолжи во албанскиот шампионат. Тој од денеска е член на прволигашот Фљамуртари каде доаѓа од тимот на Работнички.
За нашиот 30-годишен фудбалер ова ќе биде прво меѓународно искуство.
Алексовски претходно беше дел од екипите на Македонија ЃП, Вардар, Шкупи и Ренова.