САД е последниот противник на младинците на СП

61

Македонската младинска ракометна репрезентација ќе игра за 25 место на Светското првенство кое се одржува во Полска. Селекторот Раде Стојановиќ и неговите момци го дознаа името на противникот, ќе играат против САД. Мечот на програмата е утре со почеток во 18:30 часот. Македонија денеска после пенал драма славеше против Бразил за втора победа на шампионатот, херој на мечот беше Иван Галевски кој одбрани два пенали. Скорот на оваа репрезентација до сега е четири порази и две победи.

ПретходноШкупи потпиша и со Андреј Ричков!(ФОТО)
СледноМакс со свој коментар за враќањето на Фетел во Ред Бул!