Секој ден на сметка по 506.000 евра: Еве колку Роналдо ќе заработува во наредните две години!

190

Сега веќе е официјално. Кристијано Роналдо во наредните две години, до 2027 ќе биде дел од Ал-Наср. Денеска беше објавено и официјално дека тој останува во Саудиска Арабија и дека и двете страни се договориле да ја продолжат соработката.

Тоа значи дека Португалецот ќе го носи дресот на Ал-Наср до својата 42 година.

Попладнево во светските медиуми се појавија многу информации, шпекулации за тоа колку Ал-Наср ќе го чини во наредните две години еден од најдобрите фудбалери во историјата.

Се споменуваа суми од 400 милиони евра годишно, но сепак, ако може да им се верува на оние најупатените, Кристијано Роналдо годишно ќе зема 185 милиони евра и тоа нето.

Речиси исто како што и досега земаше. Тоа значи Роналдо за две години ќе земе 370 милиони евра нето, или 15.500.000 месечно или 506.000 евра секој ден.

И тоа не е се. Имено Роналдо ќе добива и разни милионски бонуси, како на пример 10 милиони евра за освојување на шампионската титула во С. Арабија, па така оваа сума е поголема од 185 милиони евра.

Секако дека ова се фрапантни суми за обичен фудбалски фан. И со оваа сума Кристијано Роналдо е убедливо најплатениот спортист во историјата.

Покрај се ова, Роналдо од Ал-Наср добива тројца возачи на располагање да му се во секој момент, четворица чистачи, тројца градинари, четворица обезбедувачи.

ФОТО: ФЦ Ал-Наср/ФБ

ПретходноСилекс одигра 2:2 со косовска Дрита!
СледноШкупи потпиша и со Андреј Ричков!(ФОТО)