Попладнево во Банско (Бугарија), фудбалерите на Силекс во пријателски натпревар одиграа 2:2 со Дрита, тим од елитната лига на Косово. Стрелци за тимот на Александар Васоски биле Мирчевски и Говедарица, и двајцата ова лето го засилија тимот од Кратово.
Инаку ова беше трета контрола за Силекс ова лето во рамките на подготовките за настап во фудбалска Европа, и трето реми, по оние со Работнички 0:0 и 1:1.
Да потсетиме дека Силекс ќе ја претставува Македонија, заедно со Вардар и Работнички, во квалификациите во Лигата на Конференции. Во првото коло за ривал го има тимот од Дечиќ од Црна Гора. Првиот меч се игра во Црна Гора (10 јули), додека реваншот во Скопје на ФФМ (17 јули).
ФОТО: ФК Силекс/ФБ