Ужас: Поранешна ракометарка на ЖРК Вардар боледува од рак!

222

Ужасна вест, која самата ја сподели на социјалните мрежи. Имено Камила Херем, некогашна ракометарка на ЖРК Вардар објави дека боледува од рак на дојката. Норвешката репрезентативка, иако има 38 години, таа сеуште е активна, преку својот Инстаграм објави за ужасната вест.

Пред три и пол недели почувствував грутка во градите, некаде со големина на зрно грашок, и си помислив дека морам да проверам што е тоа. Минатата недела направив ултразвук и мамографија, а потоа ме повикаа од болницата и ме прашаа дали можам да дојдам. Тогаш ми кажаа дека имам рак на дојка. Се уште сум во шок, и не можам се уште да поверувам дека ова се случува. Утре започнувам со хемотерапија“ кажа Херем.

Инаку Камила Херем играше во ЖРК Вардар во сезоната 2016/17 кога со “црвено – црните“ стигна и до финалето во Лигата на Шампионите.

ФОТО: Камла Херем/Х

ПретходноНе може веќе да ја чека Барса: Перишиќ одлучи за кој клуб ќе потпише!
СледноДимитар Данев е новото екстра засилување за Вардар!(ФОТО)