Дефанзивецот Андреј Ричков (26) е најновото име во редовите на Шкупи. Чаирчани изминатите денови промовираа повеќе нови имиња, а од вечерва нов член е и досегашниот стопер на Воска.
Инаку Ричков е дете на Вардар, за да потоа кариерата го носеше низ екипите на Беласица, Скопје, Борец, Осогово, Саса, Пелистер, Силекс и споменатата Воска.
Секако дека Ричков, ако се знае сегашната ситуација во клубот од Чаир, е добро засилување.
Кога смекај Шкупи да кажеме дека најголем дел од играчкиот кадар кој играше минатата сезона за чаирчани, веќе си замина, па сега раководството на клубот се обидува да “скрпи“ тим за наредната сезона во ПМФЛ.