Џанан Муса си оди од Реал и го облекува дресот на Дубаи

39

Откако синоќа Реал (М) ја освои 16-тата титула во Шпанија, стигна информација дека босанскиот репрезентативец Џанан Муса го напушта Реал Мадрид и заминува во составот на Дубаи со тригодишен договор.

Муса штотуку ја обезбеди својата втора титула во АЦБ лигата со Реал (М), а решавачкиот финален натпревар против Валенсија беше неговиот последен во дресот на Реал Мадрид.

Откако пристигна во Мадрид во 2022 година, репрезентативецот на Босна и Херцеговина ја освои Евролигата во 2023 година, две титули во АЦБ лигата, Купот на Шпанија (2023) и два Суперкупа на Шпанија. Со преселбата во Дубаи, Муса се враќа во АБА лигата, каде што претходно играше за Цедевита.

ПретходноСо две победи и по едно второ и трето место атлетичарите завршија на 8. позиција на Европското тимско првенство
СледноРајковиќ има нов клуб, следната сезона ќе работи во Турција