Македонската младинска ракометна репрезентација по еден ден пауза денеска игра нов натпревар на Светското првенство У21 кое се одржува во Полска. Селекторот, Раде Стојановиќ после четирите порази во низа успеаја да ја запишат првата победа на шампионатот откако славеа против Мексико.
Денеска ќе имаат нова шанса за втор триумф, играат против Бразил за пласман од 25 до 28 место. Победа на оваа средба ќе ги однесе на чекор до 25. место што ќе биде добро со оглед на неочекуваните резултати и игри кои ги прикажаа во Полска.
Мечот стартува во 16:15 часот и можете да го гледате на ЛИНКОТ во продолжение.