Шкупи потпиша 22-годишен германски голман!

253
Фото: Шкупи ФБ

Екипата на Шкупи продолжува со промоција на новите имиња за сезоната која доаѓа. Максимилијан Гроте, 22-годишниот германски голман е нов член на тимот. Како што велат од клубот доаѓа од младинските категории на Мајнц 05 и СВ Вехен Висбаден, и со значајно сениорско искуство во ФВ Енгерс 07 и Рот-Вајс Кобленц, каде забележа над 40 настапи.

„Макс очекуваме да носи сигурност, смиреност и стабилност на нашиот гол“, порачаа од Шкупи.

Претходно раководството на тимот го ангажираше Милај и Емре Кадри.

ПретходноЛиверпул се пофали со Унгарецот: Голема чест е да се игра за најголемиот тим во светот!
СледноМладинците против Бразил за нова победа и шанса за место погоре (ЛИНК)