Во Виена ќе биде одреден патот на Пелистер во Лигата на шампиони

94
Фото: Пелистер Фејсбук

Македонија и следната сезона ќе има свој претставник во Лигата на шампиони. Актуелниот македонски првак, Пелистер доби вајлд-карта и трета година по ред ќе биде дел од елтиното европско клупско натпреварување.

Какви ривали ќе имаат битолчани во новата сезона ќе биде познато денеска. Ждрепката за групната фаза во Лигата на шампиони е закажана во 15 часот во Виена.

Пелистер своите противници ќе ги чека од третиот шешир, а тимовите ќе бидат поделени во две групи.

Прв шешир: Фуксе Берлин, Барселона, ПСЖ, Алборг, Висла Плоцка и Веспрем.

Втор Шешир: Магдебург, Нант, ГОГ, Кјелце, Пик Сегед

Трет шешир: Динамо Букурешт, Спортинг, Загреб, Колстад и Пелистер.

Првото коло е закажано за 10/11 септември 2025 година.

ПретходноНово име во стручниот штаб на РК Вардар 1961
СледноТинејџерот кој ги освои симпатиите во НБА веќе заработи милиони, но ќе стане и милијардер