Гвардиола: Долго време не сме играле вака

105
фото: Manchester City (X)

Пеп Гвардиола не го криеше своето задоволство од настапот на Манчестер Сити по нивниот демолирачки пораз од 5-2 над Јувентус во последното коло од групната фаза на Светското клупско првенство.

„Долго време не сме играле вака – и со и без топка. Играчите беа посветени на каузата. Разговаравме за тоа што треба да подобриме за да се вратиме на нивото што го покажавме претходно“, рече Гвардиола.

Сити заврши прв во групата, во осминафиналето ќе игра против Ал Хилал.

„Среќни сме што завршивме први во групата откако победивме силен тим како Јувентус, кој ги докажа своите квалитети во претходните натпревари. 

Секако, тоа беше само еден натпревар. Но, мислам дека денес, повеќе од кога било, играчите повторно почувствуваа што е потребно за да се биде добар тим. Тоа е целата тајна. Не се потребни зборови или примери, тие играа и го знаеја тоа“, додаде каталонскиот специјалист.

ПретходноСамо во Бразил: Судија уапсен среде натпревар!(ВИДЕО)
СледноДејвид Бекам заврши во болница, неговата сопруга објави фотографија