Официјално: Алими по 17 години повторно во дресот на Башкими

249

Oна што „СпортСпорт“ го најави минатата недела, денеска доби и официјална потврда. Арменд Алими (37) по 17 години се врати во составот на Башкими.

Тој по се изгледа својата кариера ќе ја заврши во својот матичен клуб, каде следнава сезона ќе се обиде да му помогне на тимот да се етаблира во прволигашката конкуренција.

Алими во 2008 година од Башкими направи трансфер во градскиот ривал Милано, па потоа се пресели во Истра (Хрватска). Играше во Оребро (Шведска) Неа Саламина и Ермис (Кипар), за да дојде во Шкендија во 2014 и мина успешни седум сезони во дресот на тетовци. Играше потоа и за Работнички а во последните две сезони беше дел од Беса.

ПретходноМладинците одиграа нерешено на втората контрола со Косово
СледноАлаба повторно се повреди, следува пауза од еден месец