Само во Бразил: Судија уапсен среде натпревар!(ВИДЕО)

117

Само во Јужна Америка. Само во Бразил. Неверојатна сцена се случила за време на аматерски натпревар во Бразил, кога главниот судија беше уапсен. Едерсон Карлос да Силва му покажуваше жолт картон на еден од играчите, кога полицијата го опколи на средина од теренот, му стави лисици и го изнесе надвор од стадионот.
Според бразилската полиција, главниот арбитер бил вмешан во трговија со дрога, информација што ја потврди и началникот на полицијата во Гвархуа.
„Тој е личност со многу активен живот, веќе бил под надзор. Користел некои куќи изнајмени од криминалната група за складирање дрога, која потоа се дистрибуирала“, рече началникот на станицата Глаукус Силва.
Шверцот со наркотици започнал во поголем обем во 2024 година во Сао Паоло, кога многу од сторителите биле уапсени. Силва бил задолжен за логистиката на криминалната организација.

Интересно е што никој не знаел дека Бразилецот работел како фудбалски судија.

ПретходноЈувентус нуди 50 милиони евра за „бедемот“ на одбраната на Барселона
СледноГвардиола: Долго време не сме играле вака