Досегашниот тренер за прекини е нов менаџер на Брентфорд

77
фото: FC Brentford (X)

Брентфорд го назначи поранешниот тренер во стручниот штаб на Томас Френк, Кит Ендрус, за нов менаџер на тимот. Тојќе го замени Томас Френк, кој замина на клупата на Тотенхем.

Френк беше назначен за тренер на Тотенхем претходно овој месец, откако го водеше Брентфорд до 10-то место во Премиер лигата минатата сезона. Ендрус, поранешен ирски репрезентативец, се приклучи во тимот на Брентфорд во 2024 година за да работи како експерт за прекини.

44-годишникот претходно беше помошник тренер во Шефилд Јунајтед, МК Донс и Ирска. Првиот натпревар на клубот во новата сезона е против Нотингем Форест на 17 август.

ПретходноМладинците им одржаа лекција на Американците за 25. место на СП
СледноМладинците одиграа нерешено на втората контрола со Косово