Оливие Жиру, по цели 12 години ќе се врати дома односно ќе настапува во домашниот француски шампионат.
Сега веќе 38.годишниот напаѓач неколку години настапува во САД, но очигледно дека и на таа етапа од неговата кариера и доаѓа крајот. Односно, договорот со тимот на Лос Анџелес наскоро му истекува, па тој летово е најблиску до потписот со тимот на Лил.
Жиру сензационално пред повеќе од деценија ја освои титулата со тимот на Монпеље, а потоа заигра и за Арсенал, Челзи и Милан.