Младинците им одржаа лекција на Американците за 25. место на СП

121
Фото: ИХФ/Колектиф

Младинската ракометна репрезентација на Македонија го освои 25. место на Светското првенство во Полска, откако вечерва славеше во пресметката против САД со убедливи 47:28. Со оглед на тоа што се случуваше од првата минута на мечот, се чини овде работите беа јасни уште во првите 5-6 минути.

Ова беше последен натпревар на оваа генерација во младинските категории и иако имавме далеку поголеми очекувања, на крајот моравме да се задоволиме со скор од три победи и четири порази, кои не донесоа до оваа 25. позиција.

Повторно одличен натпревар на голот на нашиот национален тим имаа Галевски и Брестовац. Двајцата го завршија мечот со по осум одбрани.

Кога се стрелците во прашање, Белистојаноски постигна 7 гола (од исто толку обиди), додека Калајџиески, Субашевски и Шулески завршија со по пет гола.

ПретходноЃоковиќ загуби на последниот тест пред Вимблдон
СледноДосегашниот тренер за прекини е нов менаџер на Брентфорд