Машката кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи до 20 години одигра нерешено 69:69 на возвратниот пријателски дуел против соодветната селекција на Косово.
На реваншот одигран вечерва во Качаник, нашиот младински состав се издигна над лошото судење кое кулминирало со досудени девет технички грешки за нашиот национален состав, за на крајот, избраниците на селекторот Горан Самарџиев стигнат до егал-скор на ова гостување.
„Ќе кажам само тоа, ни беа досудени дури девет технички грешки за време на натпреварот во кој одлучив да ги поштедам Лукановски и Зетов, а многу малку во финишот на средбата, играше и Стојковиќ, како трет од стартната петорка која ја имавме на првиот меч во Скопје“- коментира селекторот Горан Самарџиев по оваа проверка, последна за нашата селекција „под 20“ години пред ЕП од Дивизијата „Б“ во Ерменија.
Павел Иванов со 14 поени (и пет скока) беше нашиот најефикасен кошаркар. Двоен ефект, од 10 поени и 11 скока, реализираше Исак Муареми.