По две и пол сезони минати во дресот на Арау, поранешниот репрезентативец на Македонија, Никола Ѓорѓев се пресели во Португалија. Денеска и официјално екипата на Фаренсе го претстави 27-годишниот крилен напаѓач како ново засилување за следната сезона.
Ѓорѓев во Фаренсе заминува како слободен играш, откако му истече договорот со Арау. Фаренсе минатава сезона не успеа да избори опстанок во португалската елита, па со Ѓорѓев ќе се обиде следнава сезона експресно да се врати меѓу најуспешните екипи во Португалија.