Пелистер ги доби противниците во ЛШ: Во Битола ќе дојде Барселона и првакот Магдебург

194

Пелистер ги дозна противниците за новата сезона во Лигата на шампиони, која ќе биде трета по ред за македонскиот првак. Битолчани кои добија вајлд-карта се најдоа во групата Б, а ќе играат против атрактивни европски велесили.

Во салата „Боро Чурлевски“ ќе гостуваат екипите на: Висла Плоцк, Барселона, ПСЖ, ГОГ, Магдебург, Пик Сегед, Загреб и Пелистер

Првите мечеви како што најавија од ЕХФ ќе се играат 10/11 септември, додека групната фаза е предвидено да заврши на 11/12 март. Фајнл-форот ќе се игра 13/14 јуни следната година, исто во Ланксес Арена.

Група А: Алборг, Фуксе Берлин, Веспрем, Кјелце, Нант, Спортинг, Динамо Букурешт и Колстад. 

Група Б: Висла Плоцк, Барселона, ПСЖ, ГОГ, Магдебург, Пик Сегед,  Загреб и Пелистер.

Претходната сезона Пелистер ја заврши седмото место со скор од три победи, две ремија и 9 порази.

Пред ждрепката беше прогласен најкорисниот играч на сезоната, наградата ја понесе Матијас Гидсел од Фуксе Берлин.

ПретходноВаленсија конечно обезбеди пари за нов стадион
СледноБитола ќе „гори“ во септември… Е.Пелистер стартува против ПСЖ во ЛШ (РАСПОРЕД)