Последен меч на СП: Младинците против САД за 25-то место (ЛИНК)

83
Фото: ИХФ/Колектиф

Македонската младинска ракометна репрезентација денеска (18:30 часот) го игра последниот натпревар на Светското првенство У21 кое се одржува во Полска.

Селекторот, Раде Стојановиќ и неговите момци за противник ја имаат репрезентацијата на САД, победникот ќе го освои 25. место во конкуренција на 32 тима.

Македонија вчера по голема драма го победи Бразил по изведување на пенали за втор триумф на шампионатот, кој пак нема да го паметиме по добро, бидејќи сметаме дека потенцијалот на овие ракометари е многу повеќе од она што го видовме.

Последниот меч можете да го гледате на линкот во продолжение.

ПретходноТинејџерот кој ги освои симпатиите во НБА веќе заработи милиони, но ќе стане и милијардер
СледноРаботнички поразен од Балкани на последната контрола во Охрид