По една сезона во дресот на романска Политехника Јаши, Тодор Тодороски се сели во Албанија. Десниот бек кој е и поранешен репрезентативец на Македонија, следната сезона ќе го носи дресот на Фљамуртари.
Клубот од Валона и официјално го претстави Тодороски како уште едно свое засилување од Македонија, откако само ден претходно оваа екипа ја засили и досегашниот голман на Работнички и наш репрезентативец, Игор Алексовски.
Тодороски минатата сезона одигра 13 меча за Политехника Јаши во романскиот шампионат и оствари една асистенција.