Стевковски ќе брани за Тиквеш

426

Како дополнување на веќе денеска најавениот нов дефанзивец на тимот на Тиквеш, Константин Чешмеџиев, од Кавадарци доаѓа и информацијата дека клубот ќе има и сосема нов голман.

Поточно, нов двоец на голмани. По Стефан Тасев кој е повратник во клубот, како новитет пристигнува досегашниот голман на Струга Трим Лум, Христијан Стефковски.

Некогашниот кадетски и младински репрезенаттивец на Македонија ќе ја пополни „голманската дупка“ во тимот и ќе се бори за „единицата“ со младиот Тасев.

Стевковски во Струга ја немаше посакуваната минутажа, и затоа и си замина од таму. Тој е дете на Македонија ЃП.

 

ПретходноБитола ќе „гори“ во септември… Е.Пелистер стартува против ПСЖ во ЛШ (РАСПОРЕД)
СледноГо пречекала, нагостила и испратила Јокиќ, а не знаелa кој е