Искусниот дефанзивец, и некогашен младински репрезентативец на Македонија, Константин Чешмеџиев според информациите на Спортспорт ќе го засили тимот на Тиквеш следната сезона.
Во Кавадарци во моментов на големо се подготвува екипата за следниот ПМФЛ шампионат, а како стојат работите истата ќе биде доста квалитетна.
Амбициите на кавадарчани се големи, планот е да се биде во горниот дел на табелата и да се нападнат местата кои што ќе водат во Европа. Со новиот турски сопственик, Тиквеш ќе се реорганизира летово на секое поле и наесен ќе тргне во атак на добри резултати.
Што се однесува пак до Чешмеџиев, тој последно беше дел од тимот на Гостивар, но знаеме сите како заврши тој клуб минатата сезона. Се работи за играч кој има и меѓународно искуство со играње во неколку клубови надвор од ПМФЛ.