Давид Алаба повторно се повреди. Реал Мадрид објави дека на дефанзивецот му е дијагностицирана повреда на мускулот на листот на левата нога.
Според новинарката Аранча Родригез, австрискиот репрезентативец ќе мора да паузира најмалку еден месец.
Минатата сезона, Алаба одигра само седум натпревари во Ла Лига, а годината претходно – 14. Според се почестите повреди, 33-годишниот дефанзивец е се поблизу до завршување на фудбалската кариера и тешко е да се врати во препознатливата форма од пред неколку години.