Екипата на Е.Пелистер денеска ги доби противниците за претстојната сезона во Лигата на Шампионите. Нашиот преставник во ова натпреварување се наоѓа во групата Б каде што се уште и екипите на европскиот првак Магдебург, потоа Барса и ПСЖ, но и ПИК Сегед, Висла Плоцк, Загреб и ГОГ Гудме.
Во првото коло, кое што е закажано за 10 септември во Битола доаѓа ни помалку ни повеќе туку тимот на ПСЖ еден до фаворитите да ја освои Лигата на Шампионите.
Овој првичен распоред, ќе мора дополнително да биде потврден од страна на ЕХФ по договорите со клубовите и ТВ партнерите.
Распоред на натпревари:
10/11.09.2025, 1 коло, Еурофарм Пелистер – ПСЖ
17/18.09.2025, 2 коло, Барса – Еурофарм Пелистер
24/25.09.2025, 3 коло, Еурофарм Пелистер – ГОГ Гудме
08/09.10.2025, 4 коло, Висла Плоцк – Еурофарм Пелистер
14/15.10.2025, 5 коло, Еурофарм Пелистер – Загреб
22/23.10.2025, 6 коло, Магдебург – Еурофарм Пелистер
12/13.11.2025, 7 коло, Еурофарм Пелистер – ПИК Сегед
19/20.11.2025, 8 коло, ПИК Сегед – Еурофарм Пелистер
26/27.11.2025, 9 коло, Еурофарм Пелистер – Магдебург
03/04.12.2025, 10 коло, Загреб – Еурофарм Пелистер
18/19.02.2025, 11 коло, Еурофарм Пелистер – Висла Плоцк
25/26.02.2026, 12 коло, ГОГ Гудме – Еурофарм Пелистер
05/06.03.2026, 13 коло, Еурофарм Пелистер – Барса
11/12.03.2026, 14 коло, ПСЖ – Еурофарм Пелистер