Го пречекала, нагостила и испратила Јокиќ, а не знаелa кој е

658

Интересна сторија доаѓа од Италија, каде што во моментов очигледно се наоѓа најдобриот кошаркар на светот, Никола Јокиќ. Во малото место Ферару, па и не така ултра популарно, Јокиќ се сместил во еден од хотелите во центарот на градот, со намера да посети неколку штали со коњи, неговата голема љубов.

Ова не би била и некаква сензационална вест, ако сопственичката на хотелот, а потоа и нејзиниот сопруг не ја споделија интересната сторија.

Имено, сопственичката на хотелот воопшто немала претстава за кого станува збор, па без некоја посебна воодушевеност го пречекала, нагостила и испратила Јокиќ. Притоа правејќи фотографија со него, само поради неговата екстремна висина во споредба со неа. Споделувајќи ја приказната со нејзиниот сопруг, таа всушност открила за кого се работи, бидејќи нејзиниот сопруг веднаш го препознал србинот.

„Кратка тажна приказна“ – искоментирал сопругот, кој очигледно ќе се „јаде“ до крајот на животот што не се нашол на правото место во вистинското време.

 

ПретходноСтевковски ќе брани за Тиквеш
СледноСамуеле Ричи ќе биде нов играч на Милан