Далибор Ѓурѓевиќ ВАР инструктор: ФФМ и претседателот Омерагиќ обезбедија феноменални услови за работа (ВИДЕО)

140
Во полн ек летово е подготвувањето на ВАР системот кој што со новата ПМФЛ сезона ќе биде инкорпориран во домашниот шампионат. Домашните арбитри под будното око на ВАР менаџерот, инструкторот на ФИФА, Далибор Ѓурѓевиќ деновиве напорно работат во насока на што подобро совладување на вештините кои ги бара ВАР, а за кои тие се обучуваат.
„ВАР не е само технологија, тоа е систем што бара поддршка и посветеност. А, кога првиот човек на федерацијата стои зад еден ваков проект, тогаш знаете дека успехот е реална цел.Условите во кои работиме овде ги споредувам со оние во многу поголеми фудбалски сојузи и можам слободно да кажам дека раководството на ФФМ, посебно претседателот Масар Омерагиќ, обезбеди феноменални услови за работа, особено за судиите. ВАР собата во зградата на ФФМ ќе биде една од најмодерните во Европа. Дури и во некои од првите десет лиги во Европа, судиите немаат вакви услови. Затоа, тие имаат обврска да го оправдаат ова вложување и поддршката што ја добиваат. ВАР е само еден сегмент што ќе ги следи позитивните случувања во македонскиот фудбал“ – изјави Далибор Ѓурѓевиќ за официјалниот сајт на ФФМ.

ПретходноТој во Реал ја има најубавата работа: Не му се станува од клупата, а зема добра плата и сопругата задоволна!
СледноИвановски избори полуфинале во Загреб