Македонскиот тенисер Калин Ивановски успеа да се пласира во полуфиналето на ИТФ фјучрсот М15 Загреб откако во четвртфиналето го победи домашниот тенисер Хрватот Вито Тонејц со 2-1 во сетови (64 67(5) 62) за три часа игра.
Голема борба се водеше за секој поен и беа одиграни вкупно 218 поени (117:101 за Ивановски).
Во првиот сет првиот брејк на стартот го направи Ивановски, но противникот врати веднаш за 1:1. Во девттиот гем од сетот Калин уште еднаш успеа да го одземе гемот на сервис на противникот и поведе со 5:4 за сетот да го заврши со 6.4 во гемови. Вториот сет мина со многу пресврт по 2:2, македонскиот тенисер направи брејк за водство од 3:2, но Тонејц во најдолгиот гем во мечот по 18 поени успеа да изедначи на 3:3. Повторно во деветтиот гем Ивановски прави брејк за водство од 5:4, но о следниот гем не ја користи првата меч топка и противникот изедначи на 5:5 и сетот беше решен во тај брејк. Во „13.тиот гем“ хрватскиот тенисер имаше предност и го доби тај брејкот со 7:5 на поени и изедначи на 1-1 во сетови.
Во решавчкиот сет имаше два брејка и ги направи Ивановски, во четвртиот гем за водство од 3:1 и во осмиот гем за 6:2 во гемови.
Противник во утрешното полуфинале ќе му биде победникот од мечот Емануел Иванишевиќ (син на Горан Иванишевиќ) и Мирза Башиќ.