Реал Мадрид со брзи голови си го купи „мирот“ и го исфрли Салцбург

159
Фото: ХЦ Реал Мадрид X

Реал Мадрид се квалификуваше во нокаут фазата на Светското клупско првенство откако го победи Салцбург во натпревар од последното коло во Групата Х на турнирот so 0-3.

Мадрид поведе во првото полувреме со головите на Винисиус Жуниор (40′) и Федерико Валверде (45’+3′), а кратко пред крајот на регуларното време постигна и Гонзало Гарсија (84′).

На втората средба Ал Хилал славеше против Пачука со 2-0.

Во осминафиналето ќе гледаме девет европски тимови, четири бразилски тимови, еден тим од Саудиска Арабија, Мексико и САД.

Во осминафиналето на Светското клупско првенство ќе се сретнат следните тимови:

Палмеирас – Ботафого

Бенфика – Челзи

Интер – Флуминенсе

Манчестер Сити – Ал Хилал

ПСЖ – Интер Мајами

Фламенго – Баерн Минхен

Реал Мадрид – Јувентус

Борусија Дортмунд – Монтереј

Финалето на Светското клупско првенство е закажано за недела, 13 јули, со почеток во 21 часот по средноевропско време.

ПретходноСКП: Сити го “прегази“ Јуве во битката за првото место во групата Г!
СледноБаерн Минхен тргнува по ѕвездата на Ливерпул!