Фати ги мина лекарските прегледи, викендов потпишува за Монако

37
фото: a Partido Unico (X)

Фудбалерот на Барселона, Ансу Фати ги помина медицинските прегледи во Монако и ќе потпише договор за позајмица за време на викендот. Клубот од Лига 1 постигна договор со Барселона за трансфер на крилниот напаѓач на позајмица до крајот на следната сезона.

Според информациите кои дојдоа вечерва, 22-годишниот фудбалер веќе ги поминал медицинските прегледи и ќе потпише договор со тимот од кнежевството најдоцна в недела.

Во сезоната 2024/25, тој одигра 6 натпревари без да постигне гол. Барселона имаше намера да го продаде, но сепак, само Монако испрати примамлива понуда за позајмица со право на откуп.

ПретходноАлаба повторно се повреди, следува пауза од еден месец
СледноИван Николоски на голот на Шкупи