Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Остин Ривс, одбил да го продолжи договорот со франшизата, иако му била понудена сума од 90 милиони долари.
Раководството на Лејкерс не го очекувало овој потег, бидејќи го сметале Ривс за сигурна опција и клучен дел од иднината на тимот. Сепак, одличниот шутер решил да ја одбие максималната понуда, што е предизвик за клубот.
Ривс моментално е во третата година од договор вреден 54 милиони долари, потпишан пред две години како заштитен слободен агент. Тој има опција следното лето да излезе од договорот и да стане незаштитен слободен агент, што значи дека може да добие значително подобра понуда од сегашната.
Во моментот, Лејкерс не се во можност да му понудат повеќе, па се чини дека разделба следното лето е сè поизвесна.
Поради можниот излез на Ривс од договорот, се зголемуваат шпекулациите за потенцијален трејд, но досега Лејкерс никогаш не покажале интерес да го заменат.
Остин Ривс не беше избран на НБА драфтот во 2021 година, но како недрафтуван руки пристигна во редовите на Лос Анџелес Лејкерс, каде брзо стана еден од омилените играчи кај навивачите и важен член на ротацијата.