Пред финалниот викенд: Иван Галевски е четвртти најдобар голман, Узунчев во Топ 10 стрелци

124
Фото: ИХФ/Колектиф

Младинската ракометна репрезентација на Македонија го заврши својот настап на Светското првенство У21 кое се одржува во Полска. Овој шампионат останува за заборав, бидејќи Раде Стојановиќ и неговите момци завршија на 25 место со скор од четири порази и три победи.

Пред почетокот на финалниот викенд, статистиката на ИХФ вели дека во овој момент Иван Галевски е четвртти на најдобар голман на Мундијалот. Младиот чувар на мрежата на седум меча има 46 одбрани од 139 удари или процентуално 33%. Во просек по меч бележел 6,5 одбрани.

Галевски уште еднаш покажа дека е специјалист за седмерци, против Бразил одбрани два во пенал рулетот за втора победа на Македонија на Мундијалот.

Од нашите младинци во Топ 10 се најде и Димитар Узунчев. Тој има 49 гола на седум одиграни натпревари, во просек постигнувал по седум погодоци. Узунчев 49-те гола ги постигна од 71 обид. Од седум метри има 11 од 13.

Во финалето на СП ќе играат Португалија – Данска, додека за третото место ќе се борат Ф.Острови и Шведска.

ПретходноЛејкерси во проблеми: Еден од најважните играчи одби понуда од 90 милиони долари, сака да излезе на пазарот
СледноАнглиска новинарка со жестока критика до Ѓоковиќ: Се гледа дека ти недостига многу за титула