
Веќе неколку недели трансферот на Нико Вилијамс од Билбао во Барселона е топ – тема во медиумите во Шпанија, а пред се во Каталонија, па ако сакате и во Европа. Овој голем трансфер на репрезентативецот на Шпанија, ако се оствари дефинитивно, секако дека ќе биде еден од најзначајните ова лето.
За тоа како го коментира овој трансфер свое видување имаше и Рафиња. Познато е дека тој и Нико играат на истата позиција, па еве што кажа Бразилецот.
„Секој играч кој може да помогне да бидеме уште подобри, секако дека е добредојден. Исто така секој кој сака да работи напорно е добар за тимот. Нема ништо чудно во тоа дека Барса го посакува. Нико Вилијамс е играч со највисоки квалитети“ посочи Рафиња кој минатата сезона заедно со Јамал беше најдобар фудбалер на Барселона.