Арсими го претстави Леонид Игњатов! (ФОТО)

154

Арсими вечерва го претстави своето ново засилување, а тоа е Леонид Игнатов. Според објавата на клубот од Чегране тие успеале да ангажираат, квалитетен, многу талентиран и искусен напаѓач, кој се приклучува на тимот за претстојната сезона.

Леонид, кој неодамна беше дел од Силекс, со кого беше прогласен за вицешампион, а претходно играше за Скопје, доаѓа во Арсими како засилување во офанзивниот дел на Арсими.

Тој има 23 години, некогаш беше дел од младинските селекции на Македонија. Дете е на Вардар а беше дел и од младинската акдемија на Хајдук.

ФОТО: КФ Арсими/ФБ

ПретходноМарко Ѓорѓиевски повторно стрелец за Клуж!
СледноОткако победи во “бразилското дерби“: Палмеирас е првиот четвртфиналист на СКП!(ВИДЕО)