Башкими се пофали со Давид Манасиевски!(ФОТО)

124

Вчера со Арменд Алими, а вечерва Башкими се пофали и со Давид Манасиевски како уште едно засилување за следната 2025/26 сезона во која кумановскиот клуб по долги, долги години одново ќе настапува.

Манасиевски во Куманово дојде од кавадаречки Тиквеш, а претходно беше дел и од кратовски Силекс. Беше член и на Македонија ЃП и Њу Старс.

Има 23 години и е роден кумановчанец, значи се врати во својот град. Манасиевски е класичен играч за врска и ќе биде сосема добро засилување за составот на стратегот Муарем Муарем.

ПретходноОткако победи во “бразилското дерби“: Палмеирас е првиот четвртфиналист на СКП!(ВИДЕО)
СледноИнтересно: Јамал ја сака “десетката“ на Марадона!(ФОТО)