Вардар ги договори премиите за следната сезона: Титулата вреди 250.000, двојна круна 350.000 евра

628

Освојувачот на Купот на Македонија, најтрофејниот македонски фудбалски колектив, тимот на Вардар го прикрајчува својот престој во тренинг базата во Раденци, Словенија, каде што летово беше одработен главниот дел од подготовките.

Тренинзите беа напорни, атмосферата добра, а пријателските мечеви и тоа како корисни за да се поправи се она што во моментов е прашање во играта на Вардар.

Полека но сигурно, тренерот Гоце Селдоски го склопува мозаикот за следната сезона, во која што секако приоритет се титулите во домашниот шампионат.

Вардар нема повеќе време за чекање, време е за атак и прво место на секое поле. Па така, Извршниот директор на ФК Вардар АД Миленко Неделковски од една страна, и шефот на Стручниот штаб Седлоски заедно со капитените Закариќ и Омерагиќ, денеска ги договорија и премиите за евентуалниот успех за следната сезона. Поточно, освоената титула во ПМФЛ за ФК Вардар ќе значи награда од 250.000 евра, додека пак, титулата во ПМФЛ в компонирана со онаа од Купот на Македонија ќе значи 350.000 евра.

Конечно, елиминацијата на тимот на Ла Фиорита во претстојниот двомеч со противникот од Сан Марино во рамките од првото квалификациско коло од Лигата на Конференции летово ќе значи награда од 50.000 евра.

https://fcvardar.com/vesti_%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D0%B8.html

ПретходноРекордна сума на пари е потрошена за пластицифиран картон од руки сезоната на Џордан
СледноРаде Стојановиќ со свое видување: Ова првенство нека биде лекција