Вардар денеска против Марибор

203

Тимот на Вардар полека но сигурно ги финишира подготовките во Раденци, Словенија. „Црвено – црниот“ состав денеска игра уште еден пријателски меч, овојпат малку поинаков од вообичаеното.

Противник е трофејниот домаќин Марибор, со кој што Вардар ќе одигра два пати по шеесет минути.

Тоа значи дека поголемиот дел од играчите ќе добијат сериозна минутажа, и оние кои досега беа претежно резервисти денеска ќе добијат минимум полувреме, а можеби и повеќе од страна на тренерот Гоце Седлоски.

Мечот стартува од 17:30 часот.

 

ПретходноАлександра Пејковска и Сашо Даневски од ФФМ ќе учествуваат на ЕП за женски фудбал во Швајцарија
СледноЃурчиноски: Вардар е фаворит но никако не смее да ја потцени Ла Фиорита