Вардар поразен на контролата со Марибор!

430

Попладнево во Словенија, во својата четврта контрола во текот на овие летнуи подготовки, Вардар беше поразен од Марибор со 0:5. Сепак веднаш треба да се каже дека оваа средба се играше 2Х60 минути и дека до 65.минута резултатот беше 0:0. Период во кој нашиот најтрофеен клуб одигра сосема добро, но кога стратегот Гоце Седлоски почна да прави измени, секако очекувани ако се знае дека и затоа служат овие подготвителни мечеви, словенечкиот тим ги постигна головите и тоа во 65.минута, во 84., во 104.,во 114. од пенал и 120. минута за конечни 0:5.

Да потсетиме дека Вардар во Словенија славеше против Будуќност (3:0) и Рапид Букурешт (1:0) а беше поразен од Олимпија (0:2), исто тим од Словенија.

ПретходноПроблем за Јуве, Савона паузира еден месец
СледноМарко Ѓорѓиевски повторно стрелец за Клуж!