И официјално: Пол Погба во дресот на Монако! (ФОТО)

23

Беше најавено, па потврдено, а од пред неколку минути и официјално. Пол Погба и официјално е нов член на Монако. Негошната мега – ѕвезда на Јувентус, Манчестер Јунајтед и селекцијата на Франција, ќе се обиде својата кариера да ја “оживее“ во кнежеството, во еден од најголемите клубови во Лига 1 и тоа по паузата откако падна на допинг.

Погба попладнево беше претставен од страна на раководството на некогашниот европски вицешампион, а беше објавено официјално дека договорот меѓу Погба и Монако е потпишан на две години.

Да кажеме дека Погба имаше неколку понуди, една и од Саудиска Арабија, но сепак тој се одлучи да остане во Европа.

ФОТО: ФЦ Монако/Инстаграм

ПретходноМилан се разделува со тројца и го потврдува Ричи
СледноПроблем за Јуве, Савона паузира еден месец