Машката репрезентација за одбојкари до 19 години попладнево во хотелот „Оаза“ во Штип ќе ги започне подготовките за настапот на БВА Балканскиот шампионат У19 во Бања Лука, Босна и Херцеговина.
На еднонеделните подготовки во Штип, селекторот Деан Стојанов повика 16 одбојкари меѓу нив и сениорскиот репрезентативец Тоше Ефремов, кој е и единствен со интернационално искуство.

Балканијадата ќе се одржи од 9 до 13 јули во Бања Лука, а заедно со Македонија и организаторот БиХ уште ќе настапат и селекциите на Бугарија, Грција, Црна Гора, Романија, Србија и Турција.