Лига 1 го одби ПСЖ за одложување на првиот меч

45
Фото: ПСЖ Твитер

Француската професионална фудбалска лига го отфрли барањето на Пари Сен Жермен да го одложи првиот натпревар од сезоната против Нант на 17 август. Парижаните побараа одложување за да им се даде повеќе време за одмор по Светското клупско првенство.

Постои реална шанса ПСЖ да ја заврши сезоната на 13 јули, датумот на финалето на Светското клупско првенство. Како актуелни шампиони на Лигата на шампионите и фаворити за освојување на Светското клупско првенство, тимот ќе има минимално време за одмор пред почетокот на одбраната на титулата во француското првенство.

ПретходноИ покрај кризата, Сари одлучил да остане во Лацио
СледноИ ГРК Тиквеш ќе игра во Европа следната сезона