Марко Ѓорѓиевски повторно стрелец за Клуж!

311

И тоа како му тргна на Марко Ѓорѓиевски во дресот на новиот негов клуб, романскиот Клуж. Денеска исто така во подготвителен меч, Македонецот не само што беше стартер, туку беше и стрелец на првиот гол за Клуж на пријателската со Динамо Чешке Будејоцвице. Романскиот состав, тимот на Марко победи со 3:0 а Македонецот во 19.минута му донесе водство на својот тим од 1:0.

Да кажеме дека Марко Ѓорѓиевски ова лето направи трансфер од Силекс во Клуж, а минатата сезона ја заврши како најдобар стрелец во ПМФЛ, заедно со Бесарт Ибраими од Шкендија. Јасно е дека Марко беше и во идеалниот тим, според „СпортСпорт“ за минатата сезона во ПМФЛ.

ФОТО: ФЦ Клуз/ФБ

ПретходноВардар поразен на контролата со Марибор!
СледноАрсими го претстави Леонид Игњатов! (ФОТО)