Милан се разделува со тројца и го потврдува Ричи

136

Екипата на Милан дефинитивно следната сезона ќе биде посилан за репрезентативецот на Италија, Самуеле Ричи. Информациите денеска се дека тој и Милан и официјално се договориле за соработка, а клубот од Сан Сиро се согласил да ја плати сумата од 25 милиони евра на Торино.
Тој е играчот кој што ќе треба да го револуционализира средниот ред на тимот и да се „намести“ во него за следните неколку сезони.

Од друга страна оние кои не успеаа тоа да го сторат во тимот на Милан и кои летово си заминуваат се Кајл Вокер, Жоао Феликс и Рикардо Сотил.

Сите тројца се враќаат во нивните матични клубови, Манчестер Сити, Челзи и Фиорентина, по одработените позајмици.

 

ПретходноНовак за преселбата во Атина и за тоа дали овој Вимблдон му е последен: Не знам…ќе видиме!
СледноИ официјално: Пол Погба во дресот на Монако! (ФОТО)