Во понеделник стартува најголемиот и најпознат гренслем во светот на тенисот, Вимблдон. Секој победник на овој турнир станиву бесмртен, а еден од најдобрите и најтрофејни во историјата секако дека е Новак Ѓоковиќ.
Во пресрет на стартот на турнирот, на кој реално не е фаворит, покрај другото тој на прес-конференцијата говореше и за евентуалната преселба во Атина, но и за тоа дали ова му е последен настап на Вимблдон:
„Засега не се селам во Атина, а што ќе донесе иднината навистина не знам. Во медиумите многу се пишуваше за тоа, да, се сретнав со премиерот на Грција, бев таму со семејството, но сето тоа беше само одмор. За Вимблдон дали тоа е мојот последен танц? Не знам, ќе видиме. Мојата желба е да играм уште неколку години. Би сакал да бидам физички здрав и ментално максимално мотивиран, тоа ми е целта. Сепак на овие години не знам колку тоа ќе трае“рече покрај другото најдобриот тенисер во историјата.
ФОТО: Вимблдон/ФБ