Откако победи во “бразилското дерби“: Палмеирас е првиот четвртфиналист на СКП!(ВИДЕО)

60

Вечерва стартуваа осминафиналните натпревари на Светското клупско првенство, и тоа со мечот меѓу Палмеирас и Ботафого, тоа беше “бразилско дерби“ кое се одигра “Линколн Филд“ стадионот во Филаделфија. Победи Палмеирас и тоа со прекрасниот гол на Паулињо во 100.минута со 1:0.

Мечот по “регуларните“ 90.минути заврши без победник со 0:0, па затоа мораше да се оди во дополнителните 2Х15 минути а таму Палмеирас беше подобар за тој гол за голема славје на своите фанови.

Со тоа овој тим е првиот четвртфиналист на ова СКП и сега таму ќе го чека победникот од двобојот меѓу Челзи и Бенфика кој започнува во 22 часот.

Голема борба, јасно и тензии, секогаш е така кога се играат големи бразилски клубови. Ботафого е првак на Јужна Америка, но вечерва мораше да го признае поразот од Палмеирас.

ФОТО: ФЦ Палмеирас/ФБ

ПретходноАрсими го претстави Леонид Игњатов! (ФОТО)
СледноБашкими се пофали со Давид Манасиевски!(ФОТО)